Турнири

Вторник ќе биде слободен ден на Меморијалниот турнир во Лабуништа!

Сподели
Сподели

Вечерва ќе бидат одиграни последните натпревари од групната фаза на Меморијалниот турнир во Лабуништа, кој се игра во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски.

Утре, вторник (24 јуни) ќе биде слободен ден на турнирот, а возбудувањата ќе продолжат во среда (25 јуни) со натпреварите од осминафиналето.

„Вторник (24.06.2025) ќе биде слободен ден на Меморијалниот турнир, од среда (25.06.2025) ќе започнат осминафиналните натпревари кои ќе бидат објавени кога ќе заврши третата рунда од натпреварувањето и ќе бидат комплетирани групите“, се вели во соопштението на организаторот.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на Меморијалниот турнир во Лабуништа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!