Турнири

Гранит Х и Гостилница кај Мече блескаа, Аце Најдески со сигурен триумф – уште една фудбалска вечер во Мешеишта исполнета со голови!

Сподели
Сподели

Турнирот „Петровден 2025“ во Мешеишта продолжува со жестоко темпо и одлична посета, вечерва четири нови возбудливи натпревари, полни со голови и неизвесност. Јубилејното 50-то издание сè повеќе го оправдува епитетот на најсилен летен турнир во земјава.

Аце Најдески сигурен против Брумел за висока победа од 1:4, Гостилница Кај Мече ја доби голеадата со Мексико во меч со 11 погодоци за конечни 7:4. Гранит Х одново моќен со убедливи 7:1 против Фурна Настоски и Форт Кафе, а пак екипата на Др. Баткоски и Ескобар Волино одиграа израмнет и борбен дуел за конечни 1:1.

Голгетерска вечер која ги воодушеви љубителите на фудбалот во Мешеишта, а Гранит Х сè поуверливо чекори кон елиминациите со нова убедлива победа. Гостилница кај Мече покажа карактер во динамичен меч против Мексико, додека Аце Најдески рутински ги освои новите три бода.

  • Распоред за понеделник, 23 јуни:

20:30 | АСП Пак – Чардак Велгошти
21:30 | Компани Стојкоски – Ночелино
22:30 | Инитали – Блу Фиш

Турнирот влегува во клучна фаза од групната фаза – секој бод е важен, а секој меч може да биде пресуден. Публиката во Мешеишта продолжува да живее со турнирот, а Спортска Мрежа продолжува да известува со резултати, извештаи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во пресрет на историската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Најново име...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!