Турнири

ФОТО: Кампинг Љубаништа и Мешеишта пресилни – нова порција спектакл на „Петровден 2025“ во Мешеишта!

Сподели
Сподели

Јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта продолжува во извонредна атмосфера, со одлични натпревари и силна публика која вечер по вечер ги исполнува трибините до последно место. Петокот донесе четири нови натпревари и уште повеќе голови, борбеност и емоции.

  • Резултати од петок (20 јуни):

Хотел и Спа Инекс Олгица 2:1 Кафе Бар 9
Вила Мина – Ќе има сѐ 9:5 Пекара Илинче
Вила Мина – Ќе има сѐ 0:3 Кампинг Љубаништа
Мешеишта 9:3 Игор Бенд Бушиноски

Екипата на Мешеишта покажа исклучителна форма и на домашен терен ги воодушеви навивачите со висока победа. Кампинг Љубаништа, пак, со победата над Вила Мина најави сериозни амбиции во групата.

Најголем број голови беа постигнати токму на мечот меѓу Вила Мина и Пекара Илинче – дури 14, во едно вистинско фудбалско шоу.

  • Распоред за сабота, 21 јуни:

20:00 | АСП Пак – Типлери
21:00 | Здружение на возачи Ресен – Топлина
22:00 | Доел Ноче – Зурли и Тапани Вевчани
23:00 | Македонија – БЗ Груп Струга

Турнирот влегува во својата клучна фаза, натпреварите се решаваат во детали, а возбудувањата не запираат. Како и секогаш, „Спортска Мрежа“ е тука да ја пренесе целата енергија, резултати и ексклузивни моменти од теренот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!