Кошарка

На 5. октомври ќе започне новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија

Сподели
Сподели

На 5. октомври ќе започне новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија, со натпреварите од првото воведно коло.

Како и во минатата сезона, така и во новата сезона ќе се натпреваруваат 12 екипи, од нив првите осум ќе обезбедат место во плеј-офот, додека пак последните четири по регуларниот дел ќе разигруваат за опстанок, а од плеј-аутот последните две ќе испаднат во Втората лига.

Во првото коло Тиквеш на домашен терен ќе игра со Пелистер, Вардар ќе се соочи со Гостивар, Работнички сезоната ја отвара против Феникс на домашен терен.

ТФТ Скопје сезоната ја отвата со новиот прволигаш Куманово, шампионот МЗТ Скопје одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против новиот прволигаш Шкупи, а пак Чаир ќе игра со Кожув.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Некатегоризирано

Камлес Градба однесе две високи победи, Капе Верде со висок пораз во Чардаклија

Екипата на Камлес Градба забележа две победи вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, откако на првото меч со 6:4 го доби...

Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а екипата на Фреигхт Оне однесе две...

Поврзани написи
Кошарка

ФИБА го вброи Дамјан Данев меѓу десетте кошаркари кои треба да се следат на Европското првенство во Хрватска

Уште едно големо признание за македонската кошарка пристигнува во пресрет на Европското...

Кошарка

Перо Блажевски нов координатор и тренер на младинската школа на КК Кожув

Кошаркарскиот клуб „ КК Кожув“ продолжува со зајакнување на својата младинска структура,...

Кошарка

Еден од најголемите кошаркарски тренери доаѓа во Скопје за едукација на македонските тренери

Кошаркарската федерација на Македонија ги известува сите македонски кошаркарски тренери дека годинашната...

Кошарка

Започна преодниот рок во македонската кошарка за сезона 2026/2027

Кошаркарската федерација на Македонија ги известува сите клубови дека официјално започнува преодниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!