ФудбалФутсал

Проект промовираше три нови засилувања за новата сезона во Првата футсал лига!

Сподели
Сподели

Повратникот во Првата футсал лига на Македонија, екипата на Проект од Валандово за новата сезона промовираше три нови засилувања. Станува збор за Андреј Јаневски, Никола Анчевски и Трајче Димитриев.

25-годишниот Јаневски игра и голем фудбал, во моментот настапува за некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, а тој се очекува во Проект да биде освежување во тимот и да донесе дополнилна енергија во предизвиците во новата сезона, во која Проект ќе атакува на освојување на шампионската титула.

Анчевски е поранешен капитен на У-19 футсал репрезентацијата на Македонија, во редовите на Проект доаѓа од екипат на Бутел, а во минатото има настапувано и за екипата на Железарец.

19-годишниот Димитриев ја има поминато фудбалската школа на Брера, голем фудбал има играно за струмичка Тиверија, а се очекува да биде одлично освежување во тимот на Проект за новата сезона.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, новата сезона од Првата футсал лига на Македонија ќе започне на 5. октомври. а во рамки на првото коло Проект ќе гостува кај Црна Река во Кавадарци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!