Турнири

Службени победи и доминација на Нетто Маркети – Балкан Профил ја сопре Виена Комерц

Сподели
Сподели

Вечерва на терените во Лабуништа се одиграа четири натпревари од второто коло на Меморијалниот турнир во мал фудбал, кој се организира во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски, а под организација на Шабан Кормакоски. Иако дел од дуелите беа решени со службен резултат, гледачите добија доволно драма, голови и квалитетен фудбал.

Во првиот меч, Самир Муртезоски го доби натпреварот против Велешта Јунајтед со службени 3:0, поради непојавување на противникот. Со оваа службена победа, Самир Муртезоски останува максимален по две одиграни кола и сериозен кандидат за елиминациите.

Вториот натпревар, помеѓу Бинај и Електро Промет, исто така заврши со службени 3:0. Организаторот информираше дека тимот на Електро Промет е суспендиран од турнирот, поради расправии со судиите, аБинај со тоа ги освои првите бодови.

Во третата утакмица, тимот на Нетто Маркети уште еднаш ја покажа својата моќ, совладувајќи ја Анима со убедливи 11:0. Тоа е втора двоцифрена победа за Нетто, кои се профилираат како најофанзивна екипа на турнирот со вкупно 22 гола по две кола.

Вечерта заврши со дербито помеѓу Виена Комерц и Балкан Профил, во кое профилираниот состав на Балкан Профил ја запиша својата втора победа – 2:5. И покрај обидите на Виена да се врати во игра, цврстата одбрана и ефикасниот напад на Балкан беа доволни за нов триумф.

Табелите добиваат појасна форма. Со ова коло, голем дел од групите веќе ги покажуваат фаворитите за пласман понатаму, но сè уште ништо не е решено – третото коло ќе биде клучно за многу екипи. Турнирот се игра според класичните правила на мал фудбал, со вкупно 24 екипи поделени во 6 групи.


💰 Награден фонд:

🥇 1. место – 2.000 евра

🥈 2. место – 700 евра

🥉 3. место – 300 евра

Спортска Мрежа е медиумски покровител на турнирот и секојдневно ве известува за резултатите, табелите и случувањата од Лабуништа. Следете нè за ексклузивна покриеност – македонскиот спорт на едно место!


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!