Втора лигаФудбал

Биде дел од ФК Големо Коњари – клубот врши упис на деца од генерација 2009 до 2012

Сподели
Сподели

Новиот второлигаш Големо Коњари врши уписи на деца во машка и женска конкуренција за генерација 2009, 2010, 2011 и 2012 од село Големо Коњари или околни места.

Генерациите за кои се врши успи ќе се натпреваруваат во лига, а пријавувањето е отворено до 22 јуни (недела).

Сите заинтересирани може да го контактираат клубот на неговата официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук, на телефонскиот број 070 646 218 (Тони) или во просториите на клубот.

Клубот формира младински категории со што им се отвара шанса на многу млади фудбалери од околината на Прилеп да заиграат за ФК Големо Коњари во младински категории и да направат чекор повеќе во развојот на нивните фудбалски кариери.

Клубот интензивно работи на реконструкција и санација на самиот терен и простории, со што ќе се овозможат услови за одигрување на второлигашките натпревари во Големо Коњари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!