Турнири

Вечерва започнува златното 50-то издание на „Петровден 2025“ – фудбалски спектакл во Мешеишта!

Сподели
Сподели

Мешеишта вечерва ќе биде центарот на спортските случувања во Македонија! Со почеток во 20:30 часот започнува јубилејното 50-то издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“, кој оваа година блеска во полн сјај со рекорден интерес, дури 34 екипи и награден фонд од вкупно 500.000 денари.

Турнирот официјално ќе биде отворен со три возбудливи дуели од групната фаза:

  • Среда, 18.06.2025

20:30 | Сатеска – Ночелино

21:30 | Гранит Х – Компани Стојкоски

22:30 | Ескобар Волино – Чардак Велгошти

Следниот ден, четврток, целата вечерна програма ќе ја обележи настапот на Кафе Бар Коко, кој ќе одигра три натпревари по ред против Инитали, Том-Гор и Блу Фиш.

Турнирот и оваа година е организиран на врвно ниво – како и секогаш, со полни трибини, спортски дух и бескомпромисна борба за победа.

„Спортска Мрежа“ традиционално го поддржува настанот како медиумски покровител, со целосно покривање на сите натпревари, резултати и атмосферата од теренот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!