Турнири

ВИДЕО: Фасада Чајник се распука со две убедливи победи на “Црнилиште Куп 2025”, два меча се решаваа во пенал рулетот!

Сподели
Сподели

Синоќа беа одиграни нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал “Црнилиште Куп 2025”, а кои беа навистина “пеколни” за уживање на публиката.

Првиот меч меѓу Bears и Даути Градба заврши без победник (2:2), а во пенал серијата екипата на Bears беше подобра со 3:2.

И вториот меч се решеваше со удари од белата точка. Одново играше екипата на Bears против JBVR, во регуларниот дел беше 4:4, а во пенал серијата 4:5 за JBVR.

Потоа на сцена настапи тимот на Фасада Чајник со две убедливи победи откако славеше со 0:4 над Аква Терм во третиот меч, а пак во четвриот меч исто така со 0:4 екипата на Фасада Чајник го збриша тимот на Fox Jabollqisht.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!