Турнири

Познати групите: Пет децении фудбалска магија – започнува „Петровден 2025“ во Мешеишта!

Сподели
Сподели

Со рекорден интерес и извонредна организација, оваа среда започнува јубилејното, златно 50-то издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта. Турнирот кој пет децении претставува симбол на спортот, заедништвото и локалната гордост, и оваа година ги надминува сите очекувања.

Вкупно 34 екипи ќе се борат за богат фонд од 500.000 денари, што е највисок во историјата на турнирот. Учесниците се поделени во осум групи, а во продолжение следуваат комплетните состави по групи:

Група A

1 Типлери

2 АСП ПАК

3 Др. Баткоски

4 Ескобар Волино

5 Чардак Велгошти

Група B

1 Гранит Х

2 Компани Стојкоски

3 Фурна Настоски и Форт Кафе

4 Ночелино

5 Сатеска

Група C

1Пекара Илинче

2 Вила Мина – Ќе има сѐ

3 Петровден Мешеишта

4 Кампинг Љубаништа

Група D

1 Инитали

2 Кафе Бар Коко

3 Блу Фиш

4 Том-Гор

Група E

1 Мешеишта

2 Здружение на возачи Ресен

3 Игор Бенд Бушиноски

4 Топлина

Група F

1 Доел Ноче

2 Зурли и Тапани Вевчани

3 Брумел

4 Аце Најдески

Група G

1 Македонија

2 БЗ Груп Струга

3 Гостилница Кај Мече

4 Мексико

Група H

1 Хотел и Спа Инекс Олгица

2 Бел Мерцедес

3 Виена Комерц

4 Кафе Бар 9

Групната фаза започнува во среда, 18 јуни, со воведни три натпревари: Сатеска – Ночелино (20:30), Гранит Х – Компани Стојкоски (21:30) и Ескобар Волино – Чардак Велгошти (22:30). Продолжува во четврток со три последователни меча на екипата Кафе Бар Коко – против Инитали, Том-Гор и Блу Фиш.

Најдобрите четири екипи ќе бидат наградени со високи парични суми – 300.000 денари за првото место, 120.000 за второто, 60.000 за третото и 20.000 денари за четвртото место. Ќе бидат доделени и индивидуални признанија за најдобар играч, голман, стрелец и млад играч – во чест на прерано починатиот Јован Николоски, симболично обединувајќи го спортот со човечката вредност и сеќавање.

Како и изминатите години, „Спортска Мрежа“ ќе биде присутна на сите натпревари како медиумски поддржувач, обезбедувајќи извештаи, видео-содржини и фотографии директно од теренот.

Очекувањата се високи – трибините ќе бидат исполнети, атмосферата ќе биде врела, а Петровден уште еднаш ќе потврди зошто е најочекуваниот летен турнир во регионот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кичево за сезона 2026/2027...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а битолскиот тим доби засилување на десната бековска позиција со враќањето на...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!