Турнири

Утре започнува меморијалниот турнир во Лабуништа – Рики Срл и ХТМ Про Вин го отвораат натпреварувањето

Сподели
Сподели

Со натпреварот меѓу екипите Рики Срл и ХТМ Про Вин, утре (недела, 15 јуни) точно во 19:40 часот, ќе започне овогодинешниот меморијален турнир во мал фудбал во Лабуништа. Овој спортски настан, кој од година во година добива сѐ поголемо значење, се организира во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски.

Зад организацијата стојат Шабан Кормакоски и Амир Јускоски, кои го подготвија турнирот со цел да ја зачуваат спортската традиција на селото, но и да им оддадат почит на луѓето кои оставиле длабока трага во општествениот живот на заедницата.

На турнирот ќе учествуваат 24 екипи, распоредени во шест групи со по четири екипи, а натпреварите ќе се играат според класичните правила на мал фудбал.

Програмата за првите три вечери изгледа вака:

  • недела, 15.06.2025

19:40 | Рики Срл – ХТМ Про Вин

20:40 | Нетто Маркети – Бау Путз Мемишоски

21:40 | Анима – Деко Лукс и Ресторан Лабуништа

22:40 | Виена Комерц – Велиоски Градба

  • понеделник, 16.06.2025

19:40 | Кафе Бар Лавадо – Идеал рент а кар

20:40 | Балкан Профил – Демо Пласт

21:40 | Мечо Транс – Велешта Јунајтед

22:40 | Сео Пласт – Самир Муртезоски

  • вторник, 17.06.2025

19:40 | Бербер Шоп Мухамед – Султан Турс

20:40 | ИВЗ Струга – Минтас Булдинг

21:40 | Бинај – Златара Бени Ерол

22:40 | Електро Промет – Фура Кемо

Турнирот нема да биде само спортски настан, туку и можност за дружење, почит и сеќавање. Организаторите најавија вреден награден фонд:

Прво место – 2.000 евра

Второ место – 700 евра

Трето место – 300 евра

Како медиумски покровител, Спортска Мрежа ќе известува секојдневно од теренот, со резултати, фотографии и видеа од натпреварите, а љубителите на спортот ќе може постојано да бидат во тек со случувањата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!