Ракомет

ЖРК Металург Автокоманда промовира нови засилувања и ја продолжува соработката со неколку ракометарки!

Сподели
ФОТО: ЖРК Металург Автокоманда
Сподели

Женскиот ракометен клуб Металург Автокоманда го гради тимот за следната сезона, со тоа што продолжува со промоција на нови ракометарки и на продолжување на соработката со неколку ракометарки.

Тимот предводен од Јулијана Дамчевска ја продолжи соработката со досегашната голманка Софи Гошевска, која важи за едни од најперспективни голмани во Македонија и поради нејзиниот талент и одличните настапи ЖРК Металург Автокоманда ја задржа во своите редови.

Гошевска е младински шампион на Македонија, па тимот има млад и перспективен голман.

ЖРК Металург Автокоманда ја продолжи соработката и со Марија Јанкуловска, која е една од носителките на тимот и важи за еден од најталентираните млади бекови во Македонија.

Тимот предводен од Дамчевска ја продолжи соработката и со искусната Марија Гугуљанова, која важи за една од клучни ракометарки на ЖРК Металург Автокоманда, воедно таа е препознатлива со нејзината огромна борбеност на терените.

Тимот исто така ја продолжи соработката и со крилото Јана Ѓошевска и за следната сезона.

ЖРК Металург Автокоманда се засили со младото десно крило Мина Ѓурчевска.

Претходно, како што информираше Спортска Мрежа, ЖРК Металург Автокоманда се засили со пет ракометарки, се работи за Сара Ристовска, Ана Марија Коларовска, хрватскиот бек Петра Јершек, Ива Божиновска и Анастасија Николовска.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!