Турнири

„Ресен 2025“: Кафе Бар 9 без проблеми го декласираше тимот на Аце Најдески

Сподели
Сподели

Само еден меч се одигра вечерва на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2025“, кој понуди три погодоци.

Екипата на Кафе Бар 9 без проблеми го декласираше составот на Аце Најдески со високи и убедливи 3:0, меч кој одлучуваше за првото мест во групата.

Утре на програмата ќе бидат натпревари од четвртфиналето.

Во 19 часот ќе се соочат АСП Пак против Фасада Чајник, еден час подоцна Кафе Бар 9 против Центар Бела Црква Прилеп.

Во 21 часот екипата на Здружение на возачи оди мегдан со Хризантема, а пак во 22 часот Пекара Александар на соочување со Аце Најдески.

Победниците обезбедуваат „билет“ за полуфинале.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1 во сетови. Митевска одлично го започна мечот и го освои првиот...

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!