Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија со убедлива победа против Фарските Острови во Сребрената лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Најдобрите македонски одбојкарки забележаа нова сигурна победа во ЦЕВ Европската Сребрена лига 2025, совладувајќи го домаќинот Фарски Острови со убедливи 3:0 (25:11, 25:21, 25:16) на отворањето на вториот турнир од ова натпреварување.

Македонките уште пред натпреварот најавија дека имаат реални шанси за победа, но тоа го потврдија и на теренот, прикажувајќи зрелост и квалитет во сите сегменти од играта. Селекторот Стефан Пауновиќ им даде шанса на сите 12 одбојкарки кои ги имаше на располагање, а секоја од нив соодветно ја оправда довербата.

Македонија доминираше со прецизен и агресивен сервис, реализирајќи вкупно девет ас сервиси, а дополнителна предност донесоа и големиот број на технички грешки на домашната селекција. Нашите одбојкарки изгледаа сигурно и на мрежата и во одбраната, предводени од Теа Терзиевска и Ана Фасулева, кои постигнаа по девет поени. Тамара Стојанова додаде седум, а Ана Павловска пет поени.

Следниот натпревар Македонија го игра утре од 18:00 часот против Австрија – репрезентација која важи за фаворит и ќе биде посериозен тест за формата и амбициите на нашата селекција.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!