Прва лигаФудбал

Бојан Маркоски е нов тренер на Работнички

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Македонскиот прволигаш Работнички официјално го назначи Бојан Маркоски за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа на местото на Горан Станиќ, кој одлучи целосно да се посвети на обврските во младинската репрезентација на Македонија.

За Маркоски ова ќе биде голем предизвик, особено со оглед на тоа што клубот ќе се натпреварува во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Неговата прва задача ќе биде подготовката на тимот за европските настапи, но и одржување на високото ниво на резултати кое Работнички го постигна изминатата сезона.

Под водство на Станиќ, „романтичарите“ завршија на третото место во Првата македонска фудбалска лига и обезбедија излез во Европа.

Клубот веќе најави амбициозни планови за новата сезона, а Маркоски ќе има клучна улога во реализацијата на тие цели.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

 

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!