Ракомет

Вардар има најмногу титули во Купот на Македонија, кои екипи имаат Куп титула?

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Вардар ја освои 17-тата Куп титула откако во големото финале од ракометниот Куп на Македонија кое се играше во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид славеше над Еурофарм Пелистер.

Вардар првата титула ја има освоено во 1997 година, а пет пати бил вицепрвак, а пак две екипи во минатото играле финале но не го освоиле Купот тоа се Младост од Богданци во далечната 1996 година и Струмица во 2013 година.

Металург е втор на оваа листа со шест титули, последната ја освои пред шест години во 2019, а првата во 2006 година, пет титули има Пелистер, додкеа пак по една титула имаат Прилеп од 2002 година, Куманово од далечната 1993 година, Борец има титула од 1994 година, а пак Алкалоид од 2024 година.

  • ЦЕЛОСНА ГРАФИКА НА ЕКИПИ КОИ ИМААТ КУП ТИТУЛА И КОИ ИГРАЛЕ ФИНАЛЕ:
Место Клуб Титули Години како првак Вицепрвак Години како вицепрвак
1. Вардар 17 1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2021, 2022, 2023, 2025 5 1999, 2006, 2009, 2010, 2019
2. Металург 6 2006, 2009, 2010, 2011, 2013, 2019 8 1993, 2005, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2018
3. Пелистер 5 1995, 1996, 1998, 1999, 2005 11 1994, 2002, 2003, 2004, 2007, 2011, 2017, 2021, 2022, 2023, 2024
4. Прилеп 1 2002 2 2000, 2001
5.= Куманово 1 1993 0 —
5.= Борец 1 1994 0 —
5.= Алкалоид 1 2024 0 —
8.= Младост 0 — 1 1996
8.= Струмица 0 — 1 2013


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!