Втора лигаФудбал

Во Втора лига ќе има промени, се размислува за плеј-оф!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

На брифингот со новинарите претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ истакна дека се размислува за промени во Втората македонска фудбалска лига.

Како што истакнува претседателот Омерагиќ во Втората лига се размислува за нов модел, еден од нив е првопласираниот директно да патува во Прва лига, а уште две екипи да играат бараж, но со воведување на плеј-оф.

„Причината за кратењето на лигата не е поврзана со откажувањата на Гостивар и Воска, туку со желбата да се добие поквалитетно и порамноправно натпреварување. Се размислува и за четвртокружен систем, но сè уште работиме на тој предлог. Во Втората лига размислуваме за нов модел: првопласираниот директно да оди во Првата лига, а уште две екипи да играат бараж. Интересен би бил моделот каде од второ до осмо место екипите би играле плеј-оф за тие две бараж позиции“, истакна претседателот Омерагиќ.

Втората лига од сезона 2026/2027 ќе биде скратена од 16 на 14 екипи, а целта е да се добие поквалитетно и порамноправно натпреварување.

Александар Ванев, М-Нет

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!