ФудбалЧетврта лига

100.000 денари за шампионот: Новитет во ОФС Валандово за сезоната 2025/26

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Валандово воведува значаен новитет во натпреварувањето од Општинската лига за следната сезона 2025/2026 година.

Победникот на Општинската лига во Валандово ќе биде награден со пехар за освоено прво место, парична награда од 100.000 денари, како и со право на учество во повисок ранг на натпреварување, што е дополнителна мотивација за сите екипи кои ќе се натпреваруваат во сезоната што следува.

Од ОФС Валандово информираат дека ќе обезбедат нормални и фер услови за натпреварување за сите клубови, а сите екипи навремено ќе бидат известени за стартот, распоредот и текот на сезоната 2025/26.

Овој чекор се смета за сериозен поттик во развојот на локалниот фудбал и дополнителен мотив за клубовите од регионот да се организираат, натпреваруваат и стремат кон унапредување и повисок ранг во македонскиот фудбалски систем.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Стојановска: Спортот не учи да градиме посилен карактер и да се враќаме посилни

Во италијанскиот град Парма традиционално се одржува Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, на кое македонските претставници имаа забележителен настап....

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската фудбалска лига – Струмица, а тимот од радовишкото село одигра уште...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!