ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Лопате триумфираше во финалето против Победа и стана шампион на ОФЛ Куманово

Сподели
Сподели

Екипата на Лопате е новиот шампион на Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Куманово за сезоната 2024/2025, со што се стекна со право да игра бараж за влез во Трета лига – Север.

Во возбудливо финале, Лопате со 1:3 славеше над Победа од Тромеѓа, во натпревар кој понуди многу неизвесност, пресврти и уживање за публиката.

Победа поведе во 36. минута кога Милан Благојевиќ погоди за 1:0. Сепак, радоста траеше кратко, бидејќи Иљбер Алили израмни на 1:1 во 44. минута, резултат со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме, Лопате направи целосен пресврт. Ринор Исени постигна гол во 54. минута за водство од 1:2, а Љиродон Реџепи во 80. минута го постави конечниот резултат од 1:3.

Полуфиналето и финалето се одиграа на одличниот терен во Агино Село, каде ФК Македонија Агино беше технички организатор на натпреварите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!