Втора женска фудбалска лигаПрва женска фудбалска лигаФудбал

БАРАЖ: Речица ќе бара опстанок, Вардар историски влез во Првата женска фудбалска лига!

Сподели
Сподели

Во среда на теренот на фудбалската федерација на Македонија во Скопје, ќе се одигра баражот за Првата женска фудбалска лига.

Екипата на Речица ќе бара опстанок во фудбалската елита во женска конкуренција откако заврши на претпоследното деветто место на табелата. Од друга страна, Вардар ќе бара историски влез во Првата лига, а тимот одново заврши на второто место кое води кон баражот.

Вардар и минатата сезона играше бараж, но не го помина откако во Велес загуби од Топ Гол со што битолскиот тим се избори за опстанок.

Вардар сега има нова шанса и поискусен за еден бараж можност да се пласира за првпат во Првата лига. Речица преку баражот ќе се обиде да го избори опстанокот и да биде во елитата и во следната сезона.

Натпреварот ќе започне во 11 часот, а дополнително Спортска Мрежа ќе информира за официјалните лица на натпреварот односно судии, делегат и контролор, а ќе направиме и емисија со најава за овој бараж натпревар.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската фудбалска лига – Струмица, а тимот од радовишкото село одигра уште...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за позитивниот старт е 25-годишниот Никола Цветковиќ, кој за првпат во кариерата...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!