Трета лигаФудбал

Мерван Фетаи најдобар стрелец во Трета лига – Север!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Заврши возбудливата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Север, каде голем број на головите паѓаа во речиси секое коло, а вистински голгетери ја одбележаа сезоната. Најмногу се истакна Мерван Фетаи од Беса Слупчане, кој со 32 погодоци доминираше и заслужено ја понесе титулата најдобар стрелец на сезоната.

Зад него, со фантастични 28 гола, се најде Орхан Мифтар од БВК Коњаре, додека третата позиција ја зазеде еден од клучните играчи на шампионот Шкендија Арачиново – Дарио Десниќ, кој постигна 22 гола и значајно придонесе за титулата на својот клуб.

Во листата на топ стрелци влегоа и:

  • Фати Јусуфи (БВК Коњаре) – 17 гола

  • Андреј Јовановски (Куманово) и Мартин Лазев (Ржаницино) – по 13 гола

  • Бејтула Авдулаи (Башкими Љуботен) и Ферди Исмаиловски (Еуромилк) – по 12

  • По 11 погодоци запишаа Шуајб Алити (Шкендија Арачиново), Елмедин Арифи (Риниа 98), Ахмед Бакијов (Еуромилк) и Александар Каланоски (Аеродром 2018).

Шампионот Шкендија од Арачиново со својата офанзивна игра заслужено се закити со шампионската титула и сега ќе има шанса преку бараж меч против Осогово од Кочани да обезбеди пласман во Втората лига. Баражот меѓу овие две екипи се игра на Градскиот стадион во Кавадарци, в сабота од 17 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!