Останато

Македонската велосипедистка Дуња Иванова ќе настапи на Светското првенство во Швајцарија!

Сподели
Сподели

Македонската велосипедистка Дуња Иванова, членка на клубот ВК Енерџи, продолжува да бележи врвни резултати на меѓународната сцена.

Со низа подиуми и високи пласмани на УЦИ маратони низ Европа, таа се искачи на 56. место на светската МТБ Маратон ранг-листа, каде се наоѓаат над 500 од најдобрите велосипедистки од целиот свет.

Овој историски пласман ѝ овозможи на Иванова да обезбеди норма за настап на Светското првенство во МТБ Маратон, кое ќе се одржи од 30 август до 14 септември во Валис, Швајцарија.

Освен на меѓународен план, Иванова викендов оствари уште еден значаен успех – стана државен првак во МТБ Маратон, освојувајќи ја титулата на Националното првенство што се одржа во екстремни услови на планинските патеки во Крушево.

Следниот голем предизвик за оваа талентирана македонска спортистка ќе биде Европското првенство во МТБ Маратон, кое ќе се одржи на 8 јуни во Касела, Италија, каде ќе го брани македонското знаме меѓу најдобрите европски велосипедистки.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија У20 осми на БВА квалификациите во Мостар

Женската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на БВА зонските квалификации во Мостар на осмото, последно место, откако забележа пет...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Шапе ги одбра 14-те одбојкари: Македонија У20 тргна по европски предизвик

Машката репрезентација на Македонија до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија, каде од утре до 29 август ќе настапи на БВА зонските...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!