Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Распоредот на Македонија за ЕП 2026 е познат – стартуваме против Данска во Хернинг!

Сподели
ФОТО: РФМ | АРХИВА
Сподели

Во Европската куќа на ракометот (ЕХФ) беа извлечени групите за Европското првенство кое ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари 2026 година во Норвешка, Данска и Шведска.

Македонија е дел од групата Б, каде ќе се соочи со силните репрезентации на Данска, Португалија и Романија. Сите натпревари од нашата група ќе се играат во данскиот град Хернинг, во салата „Јуске Банк Боксен“. Македонската репрезентација ќе ги игра своите мечеви на 16, 18 и 20 јануари, а распоредот е следен: Прв натпревар против светскиот првак Данска, меч кој ќе се одигра на 16 јануари, потоа два дена подоцна односно на 18 јануари дуел со Романија, а групната фаза ќе ја затвориме со натпреварот против Португалија, кој е закажан за 20 јануари. Точните часови за натпреварите ќе бидат дополнително објавени.

Данска е апсолутен фаворит во нашата група, дополнително што игра на домашен терен и пред својата публика ќе биде уште една предност за нив и сигурно Данците одат по освојување на првото место. Португалија претставува тежок противник со кој имаме историја, но без досегашни победи. Ќе биде повеќе од силен предизвик да се совлада репрезентацијата на Португалија и така да имаме можност да бидеме втори во групата, бидејќи Романија, пак, е проверен ривал со кој Македонија може да игра рамноправно и би требало во секој случај да триумфираме над Романците.

Од секоја група, најдобрите две селекции ќе обезбедат пласман во следната фаза, која исто така ќе се игра во Хернинг.

Европското првенство ќе биде голем предизвик за нашата репрезентација, која ќе има можност да се докаже на меѓународната сцена. Бранител на титулата е Франција, која на последното ЕП во финалето ја победи Данска, додека третото место му припадна на Шведска.

Групи на Европското првенство 2026:

Група Локација Држави
Група А Хернинг, Данска 🇩🇪 Германија, 🇪🇸 Шпанија, 🇦🇹 Австрија, 🇷🇸 Србија
Група Б Хернинг, Данска 🇩🇰 Данска, 🇵🇹 Португалија, 🇲🇰 Македонија, 🇷🇴 Романија
Група Ц Осло, Норвешка 🇫🇷 Франција, 🇳🇴 Норвешка, 🇨🇿 Чешка, 🇺🇦 Украина
Група Д Осло, Норвешка 🇸🇮 Словенија, 🇫🇴 Фарски Острови, 🇲🇪 Црна Гора, 🇨🇭 Швајцарија
Група Е Малме, Шведска 🇸🇪 Шведска, 🇭🇷 Хрватска, 🇳🇱 Холандија, 🇬🇪 Грузија
Група Ф Кристијансанд, Шведска 🇭🇺 Унгарија, 🇮🇸 Исланд, 🇵🇱 Полска, 🇮🇹 Италија

Македонија ќе има можност да ги покаже своите квалитети и да се бори за место во понатамошните фази од престижниот ракометен турнир.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи, две помалку од минатата сезона. Во сезона 2026/2027 во второлигашката футсал...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред стартот на шестото издание на натпреварувањето две екипи се „распаднаа“ односно...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Митевска и Алексовски со убедливи победи до третото коло на ЕП до 16 години!

Сара Митевска и Марко Алексовски забележаа убедливи победи и обезбедија пласман во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Многу сум среќен, ова го чекав од дете, сонував за ова многу години!

Македонската А репрезентација вчера го одржа првиот собир во пресрет на новиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!