Кошарка

Шампионот Баскет Кам е на чекор од одбрана на титулата во женскиот кошаркарски шампионат!

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Екипата на Баскет Кам направи силен чекор кон одбрана на шампионската титула во женскиот кошаркарски шампионат, совладувајќи ја екипата на Крива Паланка со убедливи 66:47 во првиот натпревар од финалната серија на плеј-офот.

Домаќинките од Македонска Каменица одиграа доминантна последна четвртина, во која направија серија од 15-0 и целосно ги урнаа надежите на гостинскиот состав за евентуално изненадување.

Натпреварот започна со водство на Баскет Кам од 23:17, но до крајот на првото полувреме, Крива Паланка возврати со своја серија и резултатот беше израмнет на 28:28.

Во третата четвртина, актуелниот шампион се одвои на 48:40, но гостинките се вратија на само четири поени негатива на почетокот на последниот период (47:51). Тогаш следуваше клучната серија на Баскет Кам, која обезбеди победа и водство од 1-0 во финалната серија.

Најефикасна во победничкиот тим беше Кметовска со 27 поени, а Димова постигна 24. Добар придонес даде и Максимовска со 8 поени.

Кај Крива Паланка, Робинсон реализираше 13, Меклејни 12, а Ѓоргиевска постигна 10 поени.

Вториот меч од финалето ќе се одигра повторно во Македонска Каменица, во текот на викендот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со кој се затвара есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Двете...

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Поврзани написи
Кошарка

Фаворитите според планот: Баскет Кам и Крива Паланка убедливи, Патриот со нов пораз!

Седмото коло од Првата женска кошаркарска лига донесе доминација на фаворитите и...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло,...

Кошарка

ФОТО: Работнички добива модерна сала по ФИБА стандарди!

Кошаркарскиот клуб Работнички добива сосема нов, современ дом – реконструираната сала во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!