Останато

Прва прозивка за дамите, започнуваат подготовките за ЦЕВ Сребрената Европска лига 2025

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Денес во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица, селекторот Стефан Пауновиќ ќе ја собере женската сениорска репрезентација на Македонија во пресрет на настапот во ЦЕВ Сребрената Европска лига 2025.

На списокот на Пауновиќ се најдоа 20 репрезентативки, а првиот работен ден ќе го пропушти единствено интернационалката Тамара Стојанова, која ден подоцна ќе и се приклучи на екипата во Струмица.

Подготовките стартуваат со попладневниот тренинг во салата „Парк“ и тоа ќе биде базата на дамите се до почетокот на годинешното издание. Поради кусиот период за подготовка, репрезентацијата нема да одигра пријателски натпревари.

Женската сениорска репрезентација на Македонија по втор пат во својата историја ќе биде дел од ЦЕВ Сребрената Европска лига 2025. Дамите се во друштво на Австрија, Швајцарија, Летонија, Израел, Грузија, Луксембург, Фарски Острови и Исланд. Натпреварите ќе се одвиваат според т.н. „швајцарски систем“ односно низ три викенди ќе се играат по три турнири, а секоја репрезентација ќе биде домаќин на по еден турнир.

Македонија е домаќин на еден од првите турнири, односно од 30 мај до 1 јуни во салата „Парк“ во Струмица ќе ги пречека Луксембург и Швајцарија. Во вториот викенд нашата репрезентација ќе игра на Фарски Острови (6-8 јуни) против домаќинот и Австрија. Интересно е дека дамите ќе бидат условно кажано гости на третиот турнир, кој од 13 до 15 јуни ќе се игра во Струмица, а каде Израел ќе биде домаќин. Поради воено-политичките околности во кои се наоѓа Израел, оваа земја треба да биде организатор турнир на неутрален терен, а Одбојкарската федерација на Македонија прифати да даде логистичка поддршка. Трет учесник на овој турнир е селекцијата на Грузија.

По одигрувањето на турнирите ќе биде формирана заедничка табела на која првите четири најдобро пласирани селекции ќе изборат учество на завршницата предвидена за 14 и 15 јуни.

Женската репрезентација во Сребрената Европска лига дебитираше во изданието во 2023 година, а сега одново доби шанса да биде дел од ова европско натпреварување, каде доби и противници со кои ќе може да атакува и на прва победа.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат,...

Останато

Табата го запре Ивановски на стартот на турнирот на Златибор

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Калин Ивановски, по пауза од два месеца...

Останато

Македонските млади атлети со успешни настапи на EKAG 2026 во Брно

Македонската атлетика имаше свои претставници на European Kids Athletics Games (EKAG) 2026,...

Останато

Камјани и Работнички победници на Купот на Македонија за пионери и пионерки

На 6 септември се одржа Купот на Македонија за пионери и пионерки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!