Кошарка

Соколи доживеа потоп од Ангели, тренерот Тоше Димиќ се извини и најави борба до последната надеж!

Сподели
ФОТО: КК Соколи 1933
Сподели

Кошаркарите на Соколи од Штип претрпеа тежок пораз на првиот меч од полуфиналето на плеј-оф серијата за влез во Првата кошаркарска лига, откако штипскиот тим загуби на гостувањето кај Ангели со превисоки 105:57.

Екипата на Ангели беше одлична на овој меч и забележа голема победа, а второто соочување ќе биде во Штип во среда.

Тренерот на Соколи, Тоше Димиќ, после овој голем пораз и се извини на штипската кошаркарска јавност и најави борба до последната надеж.

„Натпреварот мора да се заборави што е можно побргу! Во среда, на реваншот мораме да победиме и да избориме мајсторка за финале. Ако ја анализираме играта, јасно е дека КК Ангели имаа шутерско шоу, а од друга страна ние го имавме најлошото шутерско издание годинава. Како тренер на тимот, чувствувам одговорност и од мое име и името на целиот тим се извинувам на целата штипска кошаркарска јавност за катастрофалната игра. Но сакам да истакнам, не застануваме тука! Кошарката се игра до крај, до последниот атом, до последната капка пот, до последната трошка надеж. Одиме на победа во среда пред преполна сала“, вели тренерот на КК Соколи, Тоше Димиќ.

Екипата на Маџари со 83:75 славеше победа над МЗТ Скопје Уни Банка и на вториот меч е бара нова победа и така да стигне до финале.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

(ФОТО) Проект е подготвен за европскиот дуел: Последна анализа, тактика и филозофија пред Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од 20:00 часот тимот го очекува дуел против домаќинот Атлетик Футсал Клуб...

ИнтернационалциФудбалФутсал

🔴 Во ЖИВО од Австрија: Грац – Проект

Следете го во живо првиот натпревар во претквалификациите во УЕФА футсал Лигата на шампиони на Проект против домаќинот Грац. Дуел на шампионот на...

Поврзани написи
Кошарка

Фарахан: Подготвен сум да бидам лидер во тимот!

Новото засилување на шампионот, американскиот бек Ноа Фарахан, веќе десетина дена работи...

Кошарка

Атанасиј Трајанов е нов член на КК Работнички

КК Работнички Скопје го потврди ангажманот на младинскиот репрезентативец Атанасиј Трајанов, кој...

Кошарка

ОФИЦИЈАЛНО: КК Соколи 1993 од Штип се новиот Суперлигаш во македонската кошарка!

Кошаркарскиот клуб Соколи 1993 од Штип и официјално ќе биде дел од...

Кошарка

КФМ: Осум екипи ги исполнуваат условите за Првата кошаркарска лига – жени

Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека по усвојувањето на жалбите од Арбитражната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!