Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија со импресивна победа над Литванија избори пласман на ЕП 2026!

Сподели
Сподели

 

Ракометната репрезентација на Македонија обезбеди нов настап на Европско првенство, осмо по ред, откако во клучниот квалификациски натпревар ја совлада Литванија со убедливи 26-17 (13-11). Иако натпреварот започна со резултатска негатива од 0-4, „црвено-жолтите“ покажаа карактер, фуриозно се вратија во игра и целосно доминираа во второто полувреме, кога ја скршија отпорноста на ривалот и заслужено стигнаа до голема победа и виза за Европското првенство 2026.

Натпреварот започна катастрофално за нашата репрезентација – осум минути без постигнат гол и рана предност за гостите. Сепак, пеналот на Филип Кузмановски го отвори резултатот за Македонија, а веднаш потоа следеше пресврт благодарение на подобрена одбрана и сигурни интервенции на голманот Мартин Томовски, кој беше еден од хероите на вечерта со 11 одбрани и 55% успешност.

Во вториот дел, нашите ракометари одиграа на повисоко ниво – одбраната предводена од Милан Лазаревски функционираше беспрекорно, а во нападот се истакнаа Кузмановски и Мартин Серафимов со по пет гола, додека Пешевски и Џонов реализираа по три пати. Во клучните моменти блесна и Јагуриновски, а публиката ја крена на нозе голот на Пешевски со кој Македонија се одлепи на недостижни 23-14.

До крајот, селекторот Кире Лазаров им даде шанса и на помладите – Дамјан Митев се запиша меѓу стрелците, а Никола Митревски влезе во завршницата и одбрани два седмерци, ставајќи печат на триумфот.

Со оваа победа, Македонија не само што го обезбеди посакуваниот пласман, туку го потврди и својот статус како репрезентација со континуиран настап на сите големи натпреварувања уште од 2012 година. Поддршката од трибините во арената „Јане Сандански“ беше незаменлива, а атмосферата – електризирана од првиот до последниот свиреж.

Македонија оди на Европско! Со срце, борба и страст!

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

АЛТА банка нов спонзор на МЗТ Скопје – официјализирано партнерството со македонскиот шампион!

МЗТ Скопје Аеродром го засилува својот спонзорски тим со ново партнерство. Клубот официјално објави дека АЛТА банка е нов спонзор на македонскиот кошаркарски...

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На денешната ждрепка во Виена, македонскиот претставник за ривал го доби...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Митевска и Алексовски со убедливи победи до третото коло на ЕП до 16 години!

Сара Митевска и Марко Алексовски забележаа убедливи победи и обезбедија пласман во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Многу сум среќен, ова го чекав од дете, сонував за ова многу години!

Македонската А репрезентација вчера го одржа првиот собир во пресрет на новиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!