Турнири

Започна Турнирот во мал фудбал Враништа 2025 – Вечер на голови и страст на терените

Сподели
Сподели

Со свечен старт исполнет со ентузијазам, пријателска атмосфера и спортски дух, синоќа официјално започна традиционалниот Турнир во мал фудбал „Враништа 2025“. Настанот кој веќе неколку години го зближува регионот, и оваа година собра 32 екипи од целата околина, подготвени за уште една незаборавна фудбалска авантура.

На првата вечер беа одиграни четири возбудливи натпревари, кои донесоа многу голови и возбудувања. Тимот на Кафе Бар Девет убедливо го совлада составот на Тримерaши со конечни 9:1, при што демонстрираше сигурност и офанзивна доминација.

Со уште поубедлив резултат, Кафе Линди триумфираше над Лавови Струга со 16:2, при што го постави и рекордот по број на постигнати голови во една вечер. Навивачите на трибините уживаа во секој потег на овој расположен состав.

Лабуништа не дозволи изненадување и рутински ја совлада екипата на Саше – Фин со 6:0, покажувајќи дека и оваа година се сериозен кандидат за висок пласман.

Последниот натпревар од вечерта го одбележа победата на Фурна Настоски и Форт Кафе, кои беа подобри од Македонија со 5:1.

Турнирот во Враништа не е само спортски настан, туку и симбол на заедништво, дружење и фер-плеј. Под мотото „Фудбалот е повеќе од игра“, организаторите и оваа година поставуваат високи стандарди, а „Спортска Мрежа“, како долгогодишен медиумски покровител, ќе продолжи да го следи секој момент од овој спортски спектакл.

Следуваат нови возбудувања и нови предизвици – останете со нас за сите резултати, анализи и извештаи од Враништа 2025!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Локомотива до минимална победа, реми на Тополка и Горски, Плавник го доби Согле

Седмото коло на Општинската фудбалска лига во Велес донесе погодоци на сите мечеви, само на еден меч беше доволно еден гол за да...

ФудбалФутсал

Проект со девет гола го декласираше Железарец, Кеги Моби ја доби голеадата со Бутел

Шампионот Проект со девет гола го декласираше повратникот Железарец, кој е поранешен шампион на Македонија со резултат од 9:0 во рамките на 5....

Поврзани написи
Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!