Втора лигаФудбал

Стадионот во Куманово ќе „крца“, Башкими бара голема поддршка од навивачите за мечот со Детонит Плачковица!

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

Трибината на стадионот во Куманово ќе „крца“ и ќе биде полна до последното седиште – Башкими повикува на масовна поддршка од навивачите за нивниот последен натпревар на домашен терен од тековната сезона во Втората лига.

Башкими, во рамки на претпоследното 29. коло од Втората лига, ќе се соочи со радовишкиот Детонит Плачковица. Победата е особено важна за клубот, а исходот од сезоната ќе зависи и од одлуката на Дисциплинската комисија во врска со натпреварот против Кожуф од 28. коло.

„Почитувани навивачи на ФК Башкими 1947, оваа сабота се игра последниот домашен натпревар за оваа сезона – важен момент за нашиот клуб и за целиот град! Подготвивме прекрасна атмосфера! Ги повикуваме сите љубители на фудбалот да бидат присутни на стадионот најмалку 15 минути пред почетокот на натпреварот, за нашиот организиран настан да биде уште поубав и заедно да ја покажеме љубовта кон клубот. ФК Башкими 1947 е гордоста на Куманово – да бидеме обединети и да дадеме сè од себе за да ја завршиме сезоната со достоинство и гордост“, се вели во соопштението на ФК Башкими.

Гостинот од Радовиш ќе биде сериозен предизвик за Башкими, бидејќи Детонит Плачковица важи за тврд противник против кого тешко се освојуваат бодови. Натпреварот меѓу Башкими и Детонит Плачковица се игра во сабота со почеток од 17:00 часот.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот клупски ракомет и во регионални рамки. Според статистичкиот преглед на „Балкан...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од важните потези во таа насока е договореното продолжување на соработката со...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!