ФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ меѓу првите првите 15 федерации со УЕФА фитнес А диплома курс

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија стана една од првите 15 членки на УЕФА што го имплементираа новиот УЕФА Фитнес А Диплома курс, наменет за високо едуцирани кондициски тренери. Првата генерација броеше 21 учесник, најголем дел од нив со веќе стекнати УЕФА лиценци (C, B, A или Pro).

Во текот на 15 дена, курсот се одвиваше во три едукативни блока со вкупно 140 часа предавања и 191 час интерактивна настава, поддржани од 33 домашни и странски едукатори.

Сето тоа беше под супервизија на УЕФА експертите Лука Милановиќ, Хелсен Вернер, Карло Кастања и Крис Барнс.

Преку оваа програма, Едукативниот центар при ФФМ постави нови стандарди за стручно усовршување во кондициската подготовка, со целосен фокус на практична примена и развој на македонскиот фудбал.

„Особено значајно на оваа диплома – курс е што УЕФА бара учесниците да имаат високо образование во областа на спортот и физичкото образование за да бидат дел од него, што го позиционира курсот на високо професионално ниво. УЕФА уште пред десет години започна со планирање на едукацијата за фитнес фудбалски тренери и тој процес траеше долго и беше многу темелен. Сега сме во фаза кога навистина ги едуцираме кондициските тренери и оваа едукација е многу важна, бидејќи во иднина лиценцата ќе биде задолжителна за учество на кондициските тренери во натпреварувањата на УЕФА“, истакна Владимир Вуксановиќ, кондициски тренер во македонската А репрезентација.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!