Втора лигаФудбал

„Фантоми“: Клуб кој постои еден век да јаде ваков срам, нема да дозволиме!

Сподели
ФОТО: Фантоми Север
Сподели

Навивачката група „Фантоми“ од Гевгелија денес ќе се собира на градскиот стадион во 16:30 часот, а притоа излегоа и со соопштение после вчерашниот срамен меч кој го одигра нивниот миленик Кожуф против Башкими, од 28. коло на Втора лига.

Како што наведуваат во соопштението како навивачка група бараат итен состанок и одговорност.

„Одговорност! Клуб кој постои 1век да јаде ваков срам нема да дозволиме! Како навивачка група бараме итен состанок и одговорност! Никој нема да биде поштеден! Клуб за кој сме се бореле во општински лиги, сме јаделе куп казни, притисоци, закани и слично! Секогаш сме биле победници ќе бидеме и сега! Ќе се избориме до крај! Кожуф ова не го заслужи! Време е клубот да дојде во наши раце! Тишина пред бура! За сите постапки на групата ќе бидете навремено известени!“, велат од навивачката група „Фантоми“.

ФОТО: Фантоми Север

Нивниот прв собир е веќе денес на градскиот стадион во Гевгелија.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени во составот пред вечерашниот дуел со Естонија, втор за нашата селекција...

Останато

Македонија ја зајакнува соработката со европските планинарски федерации – експерти од Словенија напролет ќе ги посетат нашите планинарски патеки и домови!

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) беше дел од Првата европска конференција за планинарски домови, која од 23 до 25 октомври 2026...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!