ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла од Куклиш ќе настапи во новата Општинска фудбалска лига на Струмица – бара фудбалери!

Сподели
Сподели

Село Куклиш добива своја нова фудбалска приказна! Фудбалскиот клуб ФК Интер Кукла ја најави својата подготовка за учество во новоформираната Општинска фудбалска лига на Струмица, која ќе стартува од следната сезона.

Оваа лига, организирана од Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Струмица, има за цел да го поттикне локалниот спортски дух и да создаде нови можности за фудбалските ентузијасти од поширокиот струмички регион.

ФК Интер Кукла веќе започнува со процесот на формирање на сениорска екипа и упатува јавен повик до сите заинтересирани фудбалери од Куклиш – без разлика на возраста или претходното искуство – да се приклучат на клубот.

Од клубот информираат дека пријавувањето е отворено до 15 јуни 2025 година. Сите заинтересирани можат да се пријават директно кај раководството на клубот или преку нивната официјална Фејсбук страница.

Со овој чекор, ФК Интер Кукла сака да го врати фудбалскиот елан во селото и да стане препознатлив претставник на Куклиш во Општинската лига. Љубовта кон спортот, заедништвото и посветеноста се главните двигатели зад иницијативата, со цел да се оживее традицијата и да се вратат натпреварите на локалниот терен.

Општинската лига претставува значаен чекор кон афирмација на младите и талентирани фудбалери, како и обновување на спортскиот живот во малите средини.

Фудбалскиот дух се враќа во Куклиш – преку нова енергија, локална иницијатива и желба за успех на зелениот терен.

Претходно, како што информираше Спортска Мрежа фудбалскиот терен во Куклиш беше целосно реконструиран како теренот, така и соблекувалните со што се овозможи одлични услови за тренинг и одигрување на натпревари. Клубот располага и со млади фудбалери со кои ќе настапи во младинските категории.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!