Утре со натпреварот меѓу Вардар и Струга Трим Лум ќе биде отворено 31. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се комплетира во среда останатите натпревари.
Сите мечеви ќе стартуваат во 17 часот, а екипата на Пелистер ќе биде слободна, извесно е дека и мечот во Кратово нема да се игра, иако според пропозоции мора да бидат делегирани официјални лица, а доколку и утре Гостивар не се појави на теренот и официјално ќе биде исклучен од лигата.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 31. КОЛО ПРВА ЛИГА:
Тиквеш – Беса, Фатмир Бафто (Охрид)
Брера Струмица – Шкупи, Фуркан Идризи (Тетово)
Вардар – Струга Трим Лум, Доне Ристовски (Гевгелија)
Шкендија – Работнички, Влатко Илиоски (Прилеп)
Силекс – Гостивар, Александар Василевски (Скопје)