Екипата на Превалец одигра фантастичен меч кој го доби со превисоки 8:3 на домашен терен совладувајќи го Дреново. За домашниот тим хет-трик постигна Пеце Стојанов, по да гола имаат Гаштев и Станковски, а еден гол постигна Дукадиновски.
За гостинската екипа стрелаа Усеинов, Фазлиов и Мемедов во првиот дел од мечот. На полувреме резултатот беше 3:3, но во вториот дел Превалец се разигра и го декласираше противникот.
Реми со по еден гол (1:1) на Влазними Јуниор и Питу Гули, во меч каде гостинот од Крушево до бодот дојде во финишот на мечот.
Емрула Велиоски во 82. минута погоди за 1:0, а во 89. минута Ѓорѓи Стрезовски ги постави конечните 1:1.
Башкими 2008 со сигурни 3:0 го доби тимот на Слога од Лажани откако Јашари во првиот дел погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел стрелаа Арбен и Азизов.
Убедлива победа од 6:1 однесе Младост на домашен терен во Кривогаштани откако екс второлигашот Росоман доживеа тежок пораз. Деркоски беше стрелец на три гола за домашниот состав, Китаноски погоди двапати, а пак Чапкуноски беше стрелец на еден гол. За гостинската екипа Костовски беше единствен стрелец.
Екипата на Венец од Долни Дисан забележа гостинска победа од 2:3 над Ултрас, каде за домашниот тим Паноски беше стрелец на два гола, а за гостинот Ристовски погоди двапати, а еднаш стрелаше Цветков.
Лидерот Големо Коњари беше слободен во ова кола, а во следното претпоследно коло за победа ќе ја обезбеди шампионската титула и баражот за ВМФЛ, а слободна екипа во оваа рунда беше и Бучин.