ФудбалФутсал

Доне Ристовски и Боби Величков ќе го судат мега-дербито меѓу Овче Поле и Балкан

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Вечерва во 20 часот ќе се одигра мега-дербито меѓу Овче Поле и Балкан, во рамки на 22. коло на Втората футсал лига. Мега-дерби кое ќе одлучува кој директно ќе патува во Првата футсал лига.

Двете екипи имаат отворени амбиции и сакаат следната сезона да бидат дел од Првата футсал лига на Македонија.

Ланскиот прволигаш Овче Поле ќе биде домаќин и ќе има поддршка од домашната публика, а пак Балкан кој зимава промовираше неколку засилувања и го подигна квалитетот во своите редови оди по победа на „жешкиот“ терен во Свети Николе.

Натпреварот се игра во спортската сала „Цар Самоил“ во Свети Николе, прв судија ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија, втор судија ќе биде Боби Величков од Велес. Делегат на натпреварот ќе биде Македонче Дуртаноски од Прилеп, контролор на средбата ќе биде Илија Гонев од Неготино, а пак комесар за безбедност на ФФМ ќе биде Атанас Ризов од Кавадарци.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!