Прва лигаФудбал

Одземени девет бодови на Гостивар, парични казни, сопственикот Енес Уста доби двегодишна суспензија!

Сподели
Сподели

Дисциплинката комисија на Фуфбдласката федерација на Македонија донесе одлуки по однос на натпреварот меѓу Гостивар и Работнички од 28. коло на Првата лига.

Гостивар тогаш при резултат од 1:2 во полза на Работнички фудбалерите на Гостивар го напуштија теренот и не го доиграа натпреварот, а денес Дисциплинската комисија на ФФМ ги донесе следниве одлуки.

Против ФК Воска АД се поведува постапка поради непојавување на натпревар во Струмица помеѓу ФК Брера А.П. и ФК Воска во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.

Алпер Потук –  фудбалер на ФК Гостивар АД се казнува со забрана на настап во период од 2 (две) години поради повикување на директни учесници на натпревар да го напуштат натпреварот од 29. коло од Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД.

ФК Гостивар се казнува со одземање на 9 (девет) бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500,00 евра поради напуштање на теренот на натпреварот во рамки на 29. коло од Прва МФЛ меѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД.

ФК Гостивар се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација и присуство на неслужбени лица во оградениот дел од теренот (службени простории) на натпреварот од 29. коло во Прва МФЛ против ФК Работнички.


ФК Гостивар АД се казнува со забрана на одигрување на 10 (десет) натпревари на свој терен како домаќин, односно 100 километри надвор од теренот кој го имаат пријавено како домашен терен.

Енес Уста – претседател на ГФК Гостивар се казнува со забрана на вршење на било каква функција во фудбалот во траење од 2 (две) години поради повикување на фудбалерите на ГФК Гостивар да го напуштат теренот и да се прекине натпреварот ГФК Гостивар – ФК Работнички во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.


Блажо Панов – шеф на стручен штаб на ГФК Гостивар се казнува со забрана на вршење на било каква функција во фудбалот во траење од 2 (две) години поради повикување на фудбалерите на ГФК Гостивар да го напуштат теренот и да се прекине натпреварот ГФК Гостивар – ФК Работнички во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.

Сите играчи на натпреварот од ГФК Гостивар кои биле во официјалниот записник на натпреварот против ФК Работнички се казнуваат со парична казна од 500,00 евра за фудбалер поради напуштање на натпреварот против ФК Работнички.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!