Прва лигаФудбал

Гостивар како домаќин против Пелистер ќе игра во Струмица на стадионот „Благој Истатов“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Гостивар, откако денес ги доби казните од Дисциплинската комисија на ФФМ поради напуштањето на теренот на натпреварот со Работнички од 29. коло, ќе мора да игра десет натпревари како домаќин на терен оддалечен најмалку 100 километри од пријавениот домашен стадион.

Тоа значи дека натпреварот од 30. коло против Пелистер, каде Гостивар е домаќин, ќе се одигра во Струмица, на стадионот „Благој Истатов“.

Натпреварот е закажан за недела од 16:00 часот, а главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга.

За повеќе информации околу одлуките на Дисциплинската комисија на ФФМ за ФК Гостивар, прочитајте тука.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!