Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 27. коло на Втората македонска фудбалска лига, кои ќе започнат во 16:00 часот. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум второлигашки натпревари.
Влегуваме во многу неизвесна завршница од Втората лига пред се кога се во прашање местата кои директно водат кон Прва лига.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 27. КОЛО ВТОРА ЛИГА:
Каменица Саса – Вардар Неготино, Јордан Јовановски (Гевгелија)
Новаци – Вардарски, Никола Костенчев (Скопје)
Победа – Осогово, Бардхиљ Ибраими (Тетово)
Башкими – Скопје, Благојче Ралевски (Битола)
Охрид – Кожуф, Сашко Ристов (Струмица)
Беласица – Детонит Плачковица, Слободан Боцевски (Скопје)
Арсими – Брегалница, Бењамин Ќерими (Скопје)
Македонија ЃП – Борец, Крумислав Ѓоргиев (Штип)