Трета лигаФудбал

Осум фудбалери поради 5 жолти картони го пропуштаат 24. коло во Трета лига – Југ!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Осум фудбалери од шест различни екипи нема да настапат овој викенд во рамки на 24. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југ, поради акумулирани пет жолти картони.

Башкими 2008 ќе биде без Лавдрим Лазами и Бурхан Исмети за дуелот со Слога Лажани, која, пак, нема да смета на Насер Каришиќ. Дреново против Превалец ќе игра без Берхан Мемедов, а Превалец без Давид Спиридонов.

Росоман, кој гостува кај Младост Кривогаштани, ќе биде без Кристијан Јованов и Тоше Кочовски. За Ултрас, против Венец Долни Дисан, нема да настапи Миодраг Тасески.

Дополнително, дури 19 фудбалери имаат по четири жолти картони, и со следниот добиваат автоматска суспензија од еден натпревар.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!