Македонскиот фудбал и прилепската Победа претрпеа голема загуба. Во својата 54-та година од животот, почина Николче Здравески, легендарниот фудбалер и тренер на Победа.
Здравески беше дел од прилепска Победа, клуб во кој речиси целата своја кариера го посвети со својот живот, но остави и значаен белег во Вардар и Пелистер. Во 1998 година, со Вардар го освои Купот на Македонија, постигнувајќи еден од двата гола во финалето против Слога Југомагнат.
Како играч и тренер, Здравески со Победа стана шампион, а во 2007 година беше прогласен за тренер на годината од страна на Фудбалската федерација на Македонија. Со својот матичен клуб го освои и Купот на Македонија во 2002 година и беше дел од шампионската титула.
Во текот на својата кариера, Здравески го носеше и репрезентативниот дрес, настапувајќи на пријателските натпревари против Албанија и Азербејџан.
По завршувањето на фудбалската кариера, тој се посвети на работата со младите фудбалери. Работеше како координатор на младинската школа на Победа, а последните години ги мина како тренер во својата приватна школа „Еврогол“ во Прилеп и како дел од Академијата на ФФМ во Прилеп.
Николче Здравески ќе остане запаметен како еден од најголемите фудбалски идоли во Македонија и во Прилеп, со голем придонес во развојот на макеоднскиот фудбал.
Виолета Јанчева, Спортска Мрежа