Прва лигаФудбал

Одземени девет бодови од контото на Воска Спорт, казни за тренерот и за капитенот на екипата!

Сподели
ФОТО: ФК Воска Спорт
Сподели

Денес беа донесе одлуките од Дисциплинска комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија во однос за ФК Воска Спорт и напуштањето на натпреварот со ФК Вардар од 28. коло на ПМФЛ.

ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови од вкупниот број на освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона од Прва МФЛ и парична казна од 2.500,00 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар АД во рамки на 28. коло од Прва МФЛ;

ФК Воска Спорт АД се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација на натпреварот со ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ;

Нефи Усеини – претседател на ФК Воска Спорт АД се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 (две) години и парична казна во износ од 1.500,00 евра. Дисциплинската мерка е исречена поради наговарање, односно повикување за повлекување на екипата на ФК Воска Спорт АД на натпреварот против ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ;

Тренерот на ФК Воска Спорт АД, Арбри Клодиан е казнет со 2 (две) години забрана за вршење функција, додека капитенот на ФК Воска Спорт АД, Агон Хани доби казна – забрана за настап 1 (еден) месец;

Воска Спорт е на дното од табелата во Првата македонска фудбалска лига, а сега на своето конто има 13 бодови и практично охридскиот клуб е речиси испаднат во Втора лига.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!