Алкалоид продолжува да нижи големи успеси и победи на европската сцена, откако во Автокоамнда со 42:37 го доби првиот од двата полуфинални натпревари со Рунар Сандефјорд и со тоа на реваншот во Норвешка тимот на Кирил Лазаров патува со плус пет предност и ќе бара европско финале во Еврпскиот Куп на ЕХФ.
Најдобар кај Алкалоид беше Мартин Сефатимов со десет гола, додека пак Иван Џонов постигна седум гола во Автокоманда. Кај Рунар Сандефјорд најпрецизен беше Рамбо со 11 гола, а пак Кнутсен имаше седум погодоци.

Реваншот меѓу Алкалоид и Рунар Сандефјорд е закажан за 27 апрл со почеток од 17 часот, а се игра во Норвешка.