Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера триумфираше во Струга, Галабовска погоди двапати, Јосифова стави печат на големата победа!

Сподели
Сподели

Денес во Струга се комплетираше 20. коло на Првата женска фудбалска лига со последниот меч каде фаворитот Тиверија Брера со 0:3 дојде до лесна победа над домаќинот Ас Јунајтед, кој води борба да го избегне деветтото место кое води кон баражот за опстанок.

17-годишната Теона Галабовска беше стрелец на два погодоци во првиот дел за 0:2 на полувреме. Во второто полувреме 19-годишната Ива Јосифова постигна гол за конечните 0:3.

Трите бодови заминуваа во Струмица на контото на Тиверија Брера, со што струмичанки ја продолжуваа трката за титулата, а пак Ас Јунајтед ја продолжува трката за директен опстанок, а која трка ја води со Речица.

Колку за потсетување, колото беше отворено во четвртокот со три натпревар. Во Пржино немаше погодоци Истатов и Атлетико ги поделија бодови (0:0), Топ Гол дома загуби од шампионот Љуботен со 0:3, а пак Речица претрпе домашен пораз од фаворитот Каменица Саса со 0:3.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ЉУБОТЕН 18 16 1 1 81 11 +70 49
2 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 18 15 2 1 79 8 +71 47
3 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 18 14 1 3 54 16 +38 43
4 ЖФК СКОПЈЕ 2014 17 11 0 6 39 21 +18 33
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 17 6 3 8 21 42 -21 21
6 ФК АТЛЕТИКО/ЖФК 18 4 4 10 15 40 -25 16
7 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 18 3 3 12 14 46 -32 12
8 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 18 2 0 16 24 57 -33 6
9 ЖФК РЕЧИЦА 18 2 0 16 15 101 -86 6
10 ЖФК ШКЕНДИЈА Тетово(-3) 0 0 0 0 0 0 0 -3


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!