Трета лигаФудбал

Превалец и Влазними Јуниор мечот од 22. коло го одиграа порано, но истиот не го дочека својот крај!

Сподели
Сподели

Од коло во коло во секој третолигашки регион гледаме циркуси на фудбалски терен. Поголем дел од третолигашите одвај кубурат со финансии, а некои и со играчки кадар, па тоа го отвара и прашањето за трансформацијата на Трета лига, за што веќе подготвуваме емисија ексклузивно за Трета лига, наскоро повеќе детално.

Имено, екипите на Превалец и Влазними Јуниор беа слободни во рамки на 21. коло, а токму овие две екипи во следното 22. коло се среќаваат меѓусебно, па на барање на Влазними Јуниор овој меч беше одигран денес, за што Превалец прифатил.

Сепак, интересно е тоа што Влазними Јуниор на овој меч допатувал со само девет играчи, а во текот на самата игра тројца играчи се повредиле и гостинската екипа останала со шест играчи на терен, па според Правила на фудбалската игра (ПФИ) натпреварот во 22. минута бил прекинат при резултат од 4:0 за домашниот тим односно Превалец.

Хет-трик за Превалец постигна Бобан Дукадиновски, а еден гол постигна Павле Петров.

„Гостинската екипа го започна натпреварот со девет играчи, тројца од играчите се повредија па гостинската екипа остана со шест играчи во терен. По ПФИ натпреварот во 22 минута беше прекинат при резултат 4:0 во корист на домашната екипа“, се вели во записникот од натпреварот.

Не е првпат сезонава да се прекини натпревар во Трета лига поради тоа што некоја екипа остана со помалку играчи на терен, па тоа отвара сериозно прашање колку третолигашите се подготвени да ја истераат сезоната, често се случува екипи да не допатуваат на натпревар, некои веќе го откажаа понатамошното натпреварување како што е случајот со Обршани во Трета лига – Југ, а пак Марена од овој третолигашки регион и не ја започна сезоната.

Во Трета лига – Југозапад од натпреварување на полусезона се откажа Светлост од Кукуречани.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!