Младински фудбалФудбал

АП Брера (генерација 2014) го одбележа Велики петок со духовна и тимска дружба

Сподели
Сподели

ФК АП Брера, генерација 2014 година, на достоинствен начин го одбележа Велики петок. Младите фудбалери ја посетија црквата „Св. Димитриј“ каде што покажаа почит кон верата и традицијата, а потоа продолжија со тим билдинг активност во „Кафе 19“.

Оваа посета не беше само духовно искуство, туку и важна лекција за вредностите кои ги негува клубот: почит, заедништво, воспитување и вера. Од АП Брера испратија порака дека децата треба да растат со јасен правец – да се почитуваат меѓусебно, да ги почитуваат родителите, повозрасните, претпоставените и религијата.

„Без почитување на религијата, сме никој и ништо,“ вели тренерот Кире Ангеловски, притоа посакувајќи им на сите верници убави Велигденски празници.

Фудбалските предизвици продолжуваат веќе следната недела, кога стартува продолжението од Детската лига на ФФМ. Иако резултатите се во втор план, АП Брера има јасна цел – да биде прв во Југоисточниот регион и со тоа да обезбеди место на завршниот турнир во Скопје, каде што ќе се стремат кон што е можно подобар пласман.

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!