Трета лигаФудбал

Фудбалски близнаци со големи срца – приказната на Дарко и Даниел Радески од Брвеница

Сподели
Сподели

Во македонскиот спорт има личности кои со својата посветеност и искрена љубов кон играта оставаат длабока трага. Еден таков пример се браќата близнаци Дарко и Даниел Радески од тетовското село Брвеница – луѓе кои преку фудбалот и футсалот го живеат спортот на вистински начин, и оставаат позитивен белег каде и да се појават.

Дарко Радески, 40-годишен професионален фудбалски и футсал судија, важи за еден од најпочитуваните имиња на судиската сцена. Со долгогодишна кариера зад себе, Дарко е најчесто првиот избор за судење на најголемите дерби средби во Првата и Втората футсал лига. Својата експертиза и искуство ги пренесува и на зелените терени во Третата лига – Запад, каде што суди со ист ентузијазам како на секое ниво.

Но, Дарко не е само судија – тој е и херој. Јавноста силно го памети по храбриот чин на натпреварот меѓу Речица и Доброшти, кога во 3. коло од Трета лига – Запад му го спаси животот на фудбалерот на Речица, реагирајќи смирено и професионално во животозагрозувачка ситуација. Тоа дело само ја потврди неговата морална големина и посветеност на фудбалската игра.

Неговиот брат, Даниел Радески, но неговиот пат е играчки и тренерски. Моментално настапува за третолигашот Вардар Брвеница, а во кариерата ги носеше дресовите на Тетекс, Љуботен, Дрита и Руфеја. Освен тоа, тој е и активен футсал играч на Партизан Југ од Брвеница.


Даниел е исто така респектиран тренер. Го водеше Тетекс, а денес е предводник на футсал тимот Партизан Југ. Но, неговото најголемо достигнување е неговата работа со младите. Како основач на своја фудбалска школа со над 100 млади фудбалери, како и тренер во Академијата на ФФМ во Тетово, Даниел несебично го вложува своето знаење и искуство во иднината на македонскиот фудбал.

Браќата Радески не се само близнаци по изглед, туку и по страст, посветеност и љубов кон спортот. Почитувани од своите колеги, играчи, навивачи и целата фудбалска јавност, тие се пример како спортот може да биде вистинска љубов, а не само професија.

Нивната приказна е доказ дека вистинските вредности во спортот сè уште постојат – а Брвеница со гордост ги нарекува свои.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!