Прва лигаФудбал

Вардар и Црвена Звезда пред 25.000 гледачи играа за Кочани – хуманоста на дело!

Сподели
ФОТО: FK Crvena zvezda
Сподели

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и поранешниот европски шампион Црвена Звезда одиграа хуманитарен натпревар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, хуманоста покажана на дело за трагедијата во Кочани.

На арената имаше повеќе од 25.000 гледачи, натпревар каде нацијата се обедини, а екипите одиграа за Кочани.

Вардар поведе преку голот на Михаил Маневски, а потоа српскиот тим преку пресврт победи со 1:3.

За тимот од Србија погодија Лука Илиќ, Александар Катаи и Урош Сремчевиќ со што Црвена Звезда триумфираше со 1:3 против Вардар во Скопје.

ФОТО: FK Crvena zvezda

„Комитите“ направија одлична кореографија на стадионот, а на теренот продефилираа големи легенди како Балевски, Станојковиќ, Ѓоре Јовановски, Бабунски, Бошковски, Илија Најдовски, Петровиќ… големи легенди кои беа дел од овој хуманитарен натпревар.

Јосип Бартон судеше еден дел од натпреварот и со тоа се прости од професионално судење, а натпреварот го судеше Игор Стојчевски.

ФОТО: FK Crvena zvezda

Над 25.000 публика, кореографија, соочување на Вардар и Црвена Звезда, со надеж дека овие две екипи одново ќе се соочат, но за убави моменти и убави работи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!