Ракомет

Лазаров: Горд сум на целиот тим, победивме една екстра квалитетна екипа како што е Охрид!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Вечерва се одигра натпреварот помеѓу Охрид и Алкалоид во ,,Билјанини Извори’’. Охрид беше одличен противник во поголем дел од мечот, играше борбено и пожртвувано… многупати изедначуваше, се враќаше од четири негатива, имаше расположен голман и расположени шутери, меѓутоа сепак на крајот повторно доживеа пад на концентрацијата и криза во играта, па така тимот од Автокоманда ја зголеми разликата и на крајот ги освои бодовите со конечен резултат 36:28.

Во изјава за Спортска Мрежа, тренерот на Алкалоид- Кирил Лазаров го коментираше денешното дерби.

„Сакам да им честитам на моите ракометари, како и на ракометарите на Охрид, за фер и коректната игра. Горд сум на екипата, на целиот тим, затоа што победивме една екстра квалитетна екипа со екстра квалитетни играчи и тренер, исто така.. и навистина сум горд на ова што го видов вечерва од моите играчи. Играчите на Охрид, во повеќе наврати беа на чекор да го победат и Еурофарм Пелистер, и Вардар, така што денес навистина бевме, ајде можам да кажам перфектни..совршени за да можеме да извојуваме победа од осум голови разлика. Ние имаме наш пат, даваме шанса на наши, македонски играчи..сакаме да произведеме, да создадеме, трпеливи сме и бараме трпеливост и коректност затоа што работиме за државата и за Македонија. Треба да имаме..да произведуваме квалитет. Значи средствата кои ги инвестира нашиот спонзор ги инвестираме во огромен дел во наши деца“, рече Лазаров за Спортска Мрежа.

Во наредното коло Охрид ќе му гостува на Тиквеш во Кавадарци, а Алкалоид ќе биде домаќин на Бутел.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!