Трета лигаФудбал

Преспа го доби дербито со Кораб, Сатеска Волино се „сопна“ – лидерот од Ресен е блиску до бараж за Втора лига!

Сподели
ФОТО: Победничката фотка од соблекувалната на Преспа
Сподели

Се одиграа двата одложени натпревари во Дебар и Демир Хисар од 14. коло на Трета лига – Југозапад, а кој требаше да се одиграа минатиот викенд, но поради снегот, истите беа одиграни во четвртокот.

Преспа од Ресен забележа победа од 0:2 над Кораб во Дебар и со тоа лидерот во Трета лига – Југозапад забележа огромна и важна победа на патот кон баражот за можен влез во Втора лига.

Пеце Наумовски во 41. минута погоди за 0:1 на полувреме и минимална предност Преспа по првите 45 минути. Во вториот дел Никола Угриноски беше прецизен во 57. минута за конечни 0:2.

Аце Јанкуловски во 93. минута ја расплата Сатеска од Волино, откако Демир Хисар ремизираше против фаворитот играјќи 2:2.

По осум минути игра домаќинот дојде до 1:0 преку Оливер Јанкуловски, а во 21. минута Даниел Цветаноски постигна гол за 1:1.


Стартот од вториот дел донесе брз гол на искусниот голгетер Никола Секулоски за 1:2 и резултат кој тимот од Волино го имаше се до 93. минута кога Аце Јанкуловски постигна гол за поделба на бодовите.

Ваквиот резултат не му оди во прилог на тимот од Волино, бидејќи сега има шест бодови негатива во однос на Преспа. Лидерот од Ресен има 34 бодови, а пак Сатеска има 28 бодови, колк што има и Кораб кој е трет, но тимот од Дебар има меч повеќе.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Трета лигаФудбал

Камјани има солидна бодовна предност во Трета лига – Запад, ќе биде ли доволна за второлигашки бараж?

Три екипи се имаат шанси за првата позиција во Трета лига – Запад која води кон баражот за Втора лига, но најголема шанса...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!