Во недела ќе бидат одиграни натпреварите од 27. коло на Првата македонска фудбалска лига. Веќе се познати и судиите кои се делегирани да ја делат правдата на сите шест прволигашки натпревари.
Шесте мечеви се играат в недела, а ќе започнат во 16 часот.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 27. КОЛО ПРВА ЛИГА:
Пелистер – Брера Струмица, Доне Ристовски (Гевгелија)
Вардар – Тиквеш, Боби Величков (Велес)
Шкендија – Воска Спорт, Благојче Ралевски (Битола)
Силекс – Беса, Фатмир Бафто (Охрид)
Гостивар – Шкупи, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Работнички – Струга Трим Лум, Бењамин Ќерими (Скопје)